Остварување на нациолнални цели за постапување со отпад од пакување

За Нас

Еуро-Екопак е оператор на системот за управување со отпад од пакување - непрофитна компанија која работи во согласност со принципот на зголемена одговорност на производителот. Во име на нашите клиенти, компании што пласираат амбалажно пакување на пазарот, организираме собирање, повторна употреба и рециклирање на отпадот од пакување и обезбедуваме исполнување на целите утврдени со програмата за намалување на отпадот од пакување, Законот за ПРОШИРЕНА ОДГОВОРНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПОСЕБНИТЕ ТЕКОВИ НА ОТПАД, Законот за УПРАВУВАЊЕ СО ПАКУВАЊЕ И ОТПАД ОД ПАКУВАЊЕ и законот за УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДОТ.

Еуро-Екопак е основан е во Јуни 2011, и работи преку инвестирање финансиски средства во развојот на системи за собирање и рециклирање на отпад од пакување од бизниси и домаќинства низ цела Македонија, со цел да се намали и отстрани отпадот од пакување во животната средина.

Основачи на Еуро-Екопак се: Колид Компани АС Дооел с.Колешино Ново Село, Биг Пакинг ДОО Скопје, Ренова ДОО Експорт-Импорт с.Џепчиште и Астекс Графика ДОО Скопје.

Еуроекопак е втор по големина оператор на македонскиот пазар според бројот на клиенти (околу 400) со удел на пазарот од околу 15%% во вкупните количини на пакување пласирани на македонскиот пазар.


Еуро-Екопак и животната средина

Квартални Извештаи



Вкупно 3.318.085,15 кг. пуштен амбалажен отпад во прв квартал Јан - Мар 2023 год.
ПЛАСТИКА ХАРТИЈА/КАРТОН МЕТАЛ СТАКЛО ДРВО КОМПОЗИТ АЛУМУНИУМ
724.166,08 1.434.374,92 73.320,12 300.121,78 620.074,64 147.290,55 18.737,06

Годишни Извештаи



Еуро-Екопак секоја година ги исполнува националните цели на своите клиенти, инвестира во опрема и инфраструктура обезбедувајќи услови за одговорно управување со отпадот на своите клиенти и намалување на негативното влијание на пакувањето врз животната средина, со што придонесува за зачувување на природните ресурси и развој на циркуларната економија. Во прилог табела за последните две години за количини пуштени на пазар заедно со собрани количини со приказ на остварени национални цели:

Опис 2021 2022
Пуштен амбалажен отпад на пазар (тон) 12.773 14.177
Собрани количини амбалажен отпад (тон) 8.045 9.216
Остварено % 63% 65%
Национални цели % 55% 57%

Систем


Законска регулатива


Менаџмент




Лука Луковски
Директор
Luka.Lukovski@euroekopak.mk




Ирена Бошков
Администартор и грижа за корисници
Irena.Boskov@euroekopak.mk



Љупчо Аврамовски
Стручен соработник
Ljupco.Avramovski@euroekopak.mk

Основачи на Еуро-Екопак се компаниите:

Колид Колешино АС
Дооел с.Колешино Ново Село

Ренова Тетово
ДОО Експорт-Импорт с.Џепчиште

Биг Пакинг
ДОО Скопје

АСТЕКС ГРАФИКА
ДОО увоз-извоз Скопје

Контакт:

Ул. Лондонска 19
ТЦ Тафталиџе 3ти кат
1000 Скопје, Македонија