alb | eng

Во реализирањето на своите политики Еуро-Екопак е ориентиран кон воспоставување на што поефикасен систем на управување со отпад од пакување за своите членки и во подобрување на услугите што истиот ги дава на членките. Во таа насока целта е да им помогне на членките во создавањето на услови за целосно имплементирање на законските одредби во кои се преточени европските директиви во овој домен заради подобрување на квалитетот на дејноста на своите членки. Од тие причини Еуро-Екопак во реализацијата на своите политики има зацртано план и стратегија за инвестирање на поголем дел од средствата за подобрување на системот на управување со отпад од пакување во интерес на своите членки и воспоставување на интегрален систем со управување со отпад. Нашата цел е да од маркетиншки аспект за Еуро-Екопак се трошат што помалку средства со насока да концентрацијата на пласирање на средствата и инвестициите биде во насока на квалитетот на услугите на своите членки. Еуро-Екопак е основан да функционира во интерес на членките и ги подобрува своите услуги.


Континуирана соработка со членките на системот преку давање на услуги по однос на подготвување на производните и извештаите за отпад од пакување преку е-маил адресата на Еуро-Екопак euroekopakmk@gmail.com .

Објаснување на донесените законски решенија како и на измените и дополнувањата на законските решенија и нивно запознавање.

Одржан семинар за запознавање на членките за функционирањето на системот на Еуро-Екопак.

Организирање на обука за управители со отпад при што членките на системот на Еуро-Екопак имаат бенефицирани услови.

Планирани активности:
Воспоставување на одржлив-интегрален систем за управување со отпад во системот на Еуро-Екопак


Тимот на експерти на Еуро-Екопак преку непосредно истражување на пазарот воспостави контакт со повеќе од 30 увозници и производители на отпад од пакување, потенцијални членки на системот во периодот јуни-септември. При тоа, екпсертите на Еуро-Екопак беа распределени по компаниите со цел за запознавање и едуцирање на задолжените за таа цел кадри за имплементација на законот преку нивно едуцирање со начинот на пополнување на годишните и месечните извештаи, како и елаборирањето на основните обврски кои произлегуваат по нив согласно законот.