alb | eng

Воспоставување на одржлив интегрален систем на управување со отпад од пакување во рамките на системот на Еуро-Екопак.

Воспоставување на одржливо финансирање и реинвестирање на приходите во реализацијата на интегралниот систем за отпад од пакување во рамките на системот на Еуро-Екопак.

Воспоставување на целосна транспарентност во функционирање на системот на Еуро-Екопак.
Воспоставување на одрливо интегрално управување во сите фази, што подразбира:

- Воспоставување на систем на селектирање на отпадот од страна на членките на системот на Еуро-Екопак во урбана опрема која што ќе им биде обезбедена од страна на правниот субјект Еуро-Екопак,

- Воспоставување на систем на собирање на отпадот од страна на лиценцирани правни субјекти,

- Воспоставување на систем на транспорт на отпадот од страна на лиценцирани правни субјекти,

- Воспоставување на систем на преработка и повторна употреба на отпадот од пакување од страна на лиценцирани правни субјекти,

- Развивање на системи на субвенционирање на правните субјекти учесници во системот на управување со отпадот,

- Развивање на нови системи за преработување на отпадот од пакување, - Воспоставување на економски амбиент и лојална конкуренција на пазарот на отпадот од пакување,

- Воспоставување на целосна евиденција на количините на отпадот од пакување согласно Законот,

- Воспоставување на систем на следење на движењето на отпадот од пакување во сите негови фази,

- Воспоставување на соработка со единиците на локалната самоуправа и органот на државната управа надлежен за животната средина,

- Зачленување во меѓународни инситуции заради почитување на европските директиви и еколошките стандарди,

- Воспоставување соработка со сродни институции и партнери во земјата и странство, - Воведување на системите на сертификација и стандардизација на системот на Еуро-Екопак и неговите членки,

- И реализација на другите обврски утврдени со Законот (означување на отпадот заради идентификација и сл.).

 

Основната Мисија на правниот субјект на Еуро-Екопак е целосно следење на реализацијата на Националните цели во насока на остварување на одржлив систем на управување, финансирање и реинтегрирање заради остварување на здрава животна средина, поволен економски амбиент на пазарот и подобрување на квалитетот на живеење на сегашните и идните генерации.