alb | eng

Еуро-Екопак е правно лице за постапување со отпад од пакување согласно член 21 од Законот за управување со пакување и отпад од пакување (Сл. Весник на РМ бр. 161/09, 17/11, 47/11, 136/11, 6/12, 39/12, 163/13, 146/15, 39/16).
Основна мисија на правниот субјект Еуро-Екопак, како колективен систем за управување со отпад од пакување е остварување на Националните цели за постапување со отпад од пакување.
Еуро-Екопак е непрофитабилен правен субјект кој средствата собрани во вид на надоместоци од своите членки ги реинвестираат за воспоставување на одржлив интегрален систем за отпад од пакување.
Производителите и увозниците на пакувани стоки преку учество во системот на Еуро-Екопак ги намалуваат своите трошоци за управување со отпад од пакување.
Еуро-Екопак го гарантира исполнувањето на целите, т.е. рециклирање и повторна употреба на пакувањата и отпадот од пакувањата, и намалување на обемот на отпад.
Во колективниот систем за управување со отпад од пакување Еуро-Екопак членуваат 460 правни субјекти производители и увозници на отпад од пакување на основа на склучени договори.

 

Основачи на правниот субјект на Еуро-Екопак се компаниите: